Кои
Сме Ние
Млади
Младите од Црвениот крст на Република Северна Македонија се ентузијастични, амбициозни и посветени млади кои своите капацитети, знаења, спобоности и слободно време ги инвестираат во насока на исполнување на мисијата на организацијата и помагање на оној на кој тоа му е најпотребно.
Делување
Нашето делување е организирано на национално и локално ниво. Во рамките на секоја општинска организација на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје, младите се организираат во Клубови на млади, додека на национално ниво претставници од сите клубови на млади го сочинуваат Советот на млади како највисок орган на Младите на Црвен крст на Република Северна Македонија.
Клубови
На територија на Република Северна Македонија дејствуваат 33 клубови на млади, во чии рамки на дејствување заклучно со 31.12.2022 година се регистирирани 2.271 активни млади волонтери. Сите 33 клубови на млади функционираат согласно Правилникот за организација и работа на Младите на Црвен крст на Република Северна Македонија и Статутите во Општинските организации и Црвен крст на град Скопје. Покрај тоа, секој клуб на млади поседува свое Упатство за организирање кое го опишува начинот на организирање кој се разликува зависно од потребите на клубот.
Во некои клубови на млади постои разгранетост на помали организациони форми поради обемната територијална покриеност во месни заедници или училишта (училишни клубови за едукација и превенција), а во некои клубови на млади има и ограноци на клубовите организирани за дејствување во одредени програми (Клуб 25; клуб на млади крводарители).
Работа
Работата на младите на Црвениот крст на Република Северна Македонија е насочена кон потребите на младите луѓе, преку пристапот врсник на врсник и разни облици на неформална едукација со цел промоција и унапредување на здравјето, ублажување на социјалните проблеми преку хуманитарни акции, дејствување при итни состојби од хуманитарен аспект, зачувување на достоинствата и различностите, обучување на младата популација за заштита и самозаштита, стекнување со вештини од областа на првата помош, промовирање на принципите на движењето, повикување на култура на дијалог за взаемно разбирање, толеранција и хуман однос без дискриминација.