По повод 14 јуни – Светскиот ден на крводарителството, Црвен крст на Република Северна Македонија го организираше V-ти Форум за доброволно крводарителство, кој се одржа во периодот од 09 до 11 јуни 2023 година во Центарот за кадри и рекреации “Солферино” во Струга,, на тема “Нов концепт за доброволно крводарителство кај младата популација”.
На Форумот присуствуваа 16 учесници млади волонтери од Општинските организации на Црвен крст каде има можност да дискутираат за новиот концепт за доброволно крводарителство кај младата популација и промовирање на врсничката едукација како модел за добро функционалност во општинските организации на Црвен крст.
Целта на Форумот беше младите луѓе како перспектива во иднина се приоритетна цел во крводарителството и тие треба постојано да се едуцираат, да ги следат трендовските чекори и преку мрежно поврзување на младите, да допринесуваат да се интензивира размената на искуствата, да се пренесат релевантни информации, да се користат позитивните искуства при доброволното крводарителство, да се даде поддршка и да се применат иницијативите на младите со цел да се унапреди крводарителството во нивните средини.