По повод 14 јуни, Светскиот ден на крводарителството
Пристапот до безбедна крв за сите оние кои имаат потреба, и понатаму останува највисок императив на земјите во светот, па и кај нас. Оваа година, под мотото „Дарувај крв и придонеси светот да продолжи да се движи” Црвениот крст до одбележува 14 jуни, Светскиот ден на крводарителство. Пораката го потенцира суштинскиот придонес што го даваат дарителите на крв во одржување на „пулсирачкиот свет”, спасувајќи животи и подобрувајќи го здравјето на другите.