Пехар за Црвен крст Охрид

Во рамките на ПХВ програмата, на 17 октомври во Охрид, на Црвен крст Охрид му беше врачена награда за освоено прво место и Пехар за постигнати најдобри резултати во овогодинешната ПХВ програма. Второто место му припадна на Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Струмица, а трето место на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар. Од вкупно 120 мали изработени проекти, овие три локални организации на Црвен крст покажаа најдобри резултати.

Сите 800 вклучени младинци вложија повеќе од 25.000 волонтерски часови и покажаа дека се лидери во хуманоста. Правеа лулашки за лица со посеби потреби, градеа куќи, садеа дрвја, реновираа соби, правеа паркови со клупи за дружење, работеа на интеркултурни проекти, собираа пари за различни операции и го олеснуваа секојдневието, помагаа и менуваа животи на подобро.

Тие ја сменија својата дневна рутина, излегоа од својата комфорна зона и станаа подобра верзија од самите себеси.

Честитки за сите вклучени во овогодишниот ПХВ циклус за постигнати резултати на локално, а со тоа и на национално ниво.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top