Соработка помеѓу Воено Медицински Центар и Центар за ментално здравје и психо-социјална поддршка

Психолозите и лицата обучени за психо-социјална поддршка од Центарот за ментално здравје и психо-социјална поддршка при Црвениот крст на РСМ и психолозите од Воено Медицински Центар при Армијата на РСМ остварија заедничка соработка со реализација на две средби за размена на искуства. 

Првата средба се оддржа на 14.06.2023 во Центарот за ментално здравје и психо-социјална поддршка, каде 8 психолози од Армијата на РСМ и Воено Медицинскиот Центар имаа можност да ги слушнат основите на првата психолошка помош и психо-социјалната поддршка во рамки на Црвениот крст. Инцијативата произлезе како резултат на сличностите во областите на делување, војни, катастрофи и работа со траума, како и на претходните искуства во спроведување на дебрифинг средби за време на земјотреси и поплави кои двете институции ги имаат.

Втората средба беше реализирана во просториите на Воено Медицинскиот Центар, каде 11 психолози и лица обучени за психо-социјална поддршка од Црвениот крст имаа прилика да се стекнат со знаења областа на психолошката поддршка и улогата на психолозите во Воено Медицинскиот Центар.

Главна цел на овие средби беше да се претстават приниципите и теоретските основи на кои се темели работата на психолозите во своите институции, размена на методи и алатки за работа и вмрежување, како и претставување на моделите на поддршка кои вклучиваат и други обучени лица за психо-социјална поддршка, но и колегијална поддршка во рамки на тимовите кои работат на терен.

Двете средби се покажаа како особено значајни за двете институции, беа разменети практични вежби и совети кои ги збогатија капацитетите на 19 психолози и лица обучени за психо-социјална поддршка. 

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top