Реализирана обука за предавачи и демонстратори по прва помош

Во период од 27-28.05.2023 година во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија беше одржана обука по прва помош за нови предавачи и демонстратори за наставната програма за оспособување на кандидати за возачи на моторни возила за укажување на прва помош на лица повредени во сообраќајна незгода.

На обуката присуствуваа вкупно 19 кандидати од 3 Општински организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје од кои 9 кандидати за предавачи и 10 кандидати за демонстратори по прва помош.

За време на обуката кандидатите земаа активно учество во практичниот дел од обуката, истовремено покажаа голем интерес и знаење што доведе до успешно спроведување на наставата.

Со овие обуки Црвениот крст на РСМ има за цел да создаде нови кадри на квалитетни предавачи и демонстратори кои на правилен и соодветен начин ќе го пренесат своето знаење од областа на прва помош на кандидатите за возачи на моторни возила.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top