Во период од 29 Мај до 02 Јуни 2023, четири учесници од Црвениот крст на Република Северна Македонија беа дел од интерактивниот Тренинг за тренери (ToT) за Психолошка Прва Помош (ППП), во организација на Референтниот центар за психосоцијална поддршка на МФЦК и Делегацијата на Кластерот на земјата на МФЦК во Централна и Југоисточна Европа, чиј домаќин беше Црвениот крст на Црна Гора, со тема: Градење на капацитети и развој на програмата Ментално здравје и Психо-социјална поддршка. Севкупна цел беше да се поддржат националните друштва во Централна и Југоисточна Европа за да ги подобрат своите капацитети за поддршка на луѓето погодени од Меѓународниот вооружен конфликт во Украина. Тренингот беше фасилитиран од предавач од Референтниот центар за психо-социјална поддршка. Учесниците дополнително ги развија вештините за Прва Психолошка Помош, прилагодени на тековните потреби на раселените лицаи други ранливи лица и ќе можат да обучуваат персонал и волонтери во нивните соодветни национални друштва за темите опфатени со обуката. Клучните теми на тренингот беа: Психолошка прва помош како вештина во контекст на MHPSS во заедницата, Пристапи во психолошката прва помош во контексти поврзани со раселување, Обезбедување психолошка прва помош врз основа на сопствените случаи на учесниците, Основни принципи на интервенции во заедницата релевантни за психолошка прва помош, Стресни фактори и реакции поврзани со поместувањето, Губење и тага и психолошка прва помош,Траума информиран пристап во психолошка прва помош, Разбирање на трансгенерациската траума при раселување и вооружени конфликти, Принципи на учење на возрасни, системи за поддршка од врсници и безбедна повратна информација, Слоевите во разговорот и како тие да се интегрираат во психолошката прва помош, и Свесност за потребата и важноста на грижата за себе кога им се помага на другите.