Во рамките на ПХВ програмата, на 16 јуни во х.Мериот- Скопје, на Црвен крст Куманово, Кавадарци и Делчево им беше врачена награда за освоено прво место и Пехар за постигнати најдобри резултати во овогодинешната ПХВ програма. Од вкупно 151 мал изработен проект и 25 проекти со сонце, овие три Општински организации на Црвен крст покажаа најдобри резултати, односно изработија по три проекти со сонце.
И општинските организации на Црвен крст Тетово, Гевгелија, Пробиштип, Охрид, Кочани, Демир Хисар, Ресен, Велес, Неготино, Радовиш, Чаир, Кисела Вода добија благодарници за проекти изработени со сонце.
Црвен крст Тетово, доби посебна благодарница која се доделува за прв пат, за изработен проект со сонце кој имаше забележлива промоција на национално ниво.
На настанот се обрати и генералниот секретар на Црвен крст на РСМ г. Саит Саит, кој заедно со Раководниот одбор, дава поддршка за имплементација на програмата.
Сите 1.056 вклучени младинци вложија 30.185 волонтерски часови и покажаа дека се лидери во хуманоста. Правеа лулашки за лица со посеби потреби, реновираа куќи, садеа дрвја, реновираа соби, правеа паркови со клупи за дружење, работеа на интеркултурни проекти, собираа пари за различни операции на деца кои имаа потреба од истото….го олеснуваа секојдневието, помагаа и менуваа животи на подобро.
Тие ја сменија својата дневна рутина, излегоа од својата комфорна зона и станаа подобра верзија од самите себеси.
Честитки за сите вклучени во овогодинешниот ПХВ циклус за постигнати резултати на локално, а со тоа и на национално ниво.